„Витаминка“ очекува добивка од 613 илјади евра за 2011

Bez autora
Sep 22 2011

Компанијата за прехранбена индустрија, „Витаминка“ од Прилеп оваа година очекува нето-добивка од 613.641 евра (37,7 милиони денари). Со усвојувањето на структурата на финансиските резултати се предвидува вкупните приходи да изнесуваат 25,1 милиони евра за домашниот пазар и извозот, вкупните расходи да изнесуваат 24,5 милиони евра, а нето добивката да изнесува 613.641 евра. Минатата година „Витаминка“ оствари добивка од околу 700 илјади евра, што во споредба со очекуваната добивка за 2011, има намалување од околу 87 илјади евра. Остварената нето добивка за 2010 година изнесуваше 43,1 милиони денари, додека пак во 2009 година добивката изнесуваше 46,6 милиони денари. Во првата половина од оваа година прилепска „Витаминка“ објави дека прелиминарната нето добивка порасна за 13 отсто во однос на истиот период лани. „Витаминка“ се занимава со производство и дистрибуција на храна и додатоци за храна.

„Витаминка“ очекува добивка од 613 илјади евра за 2011Компанијата за прехранбена индустрија, „Витаминка“ од Прилеп оваа година очекува нето-добивка од 613.641 евра (37,7 милиони денари), соопшти компанијата на страната на Македонска берза.

„Со усвојувањето на структурата на финансиските резултати се предвидува вкупните приходи да изнесуваат 25,1 милиони евра за домашниот пазар и извозот, вкупните расходи да изнесуваат 24,5 милиони евра, а нето добивката да изнесува 613.641 евра“, се вели во соопштението од компанијата.

Минатата година „Витаминка“ оствари добивка од околу 700 илјади евра, што во споредба со очекуваната добивка за 2011, има намалување од околу 87 илјади евра.

Остварената нето добивка за 2010 година изнесуваше 43,1 милиони денари, додека пак во 2009 година добивката изнесуваше 46,6 милиони денари.

Во првата половина од оваа година прилепска „Витаминка“ објави дека прелиминарната нето добивка порасна за 13 отсто во однос на истиот период лани.

„Витаминка“ се занимава со производство и дистрибуција на храна и додатоци за храна.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik